×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Михајловски: Куманово ќе биде чист град и ќе има бесплатен приклучок на гас

    03.10.2021 20:48 | Сузана Николиќ

    Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг.  Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура.

    Михајловски: Куманово ќе биде чист град и ќе има бесплатен приклучок на гас

    „Ќе изградиме 60 километри патна инфраструктура во градот, катни гаражи, велоспидески патеки, кружни текови во градот“, рече Михајловски. Приоритет ќе биде и Куманово да биде чист град, ќе има бесплатен приклучок на гас за домаќинстава и бизнисите.

    Тој најави дека ќе се воспостави модерно управување со отпад.

    „На само 5 километри воздушна линија од Куманово во село Пчиња се наоѓа депонијата Краста која е депонија од минатиот век со несогледиви последици за здравјето на луѓето и почвата. Отпадот ќе биде вредна суровина преку селектирање, рециклажа и компресирање. Кумановка да биде чиста река. Изградба на кеј од двете страни на реката и трајно решение со кое нема да се фрла отпад во неа. Реконструирање на постоечките запуштени мостови и изградба на два нови моста“, кажа Михајловски.

    Михајловски најави и низа на објекти за најмладите од градинки, училишта.

    „Ќе изградиме на нов училишен објект за потребите на гимназијата Сами Фрашери. Децата заслужуваат и мора да добијат модерни услови за следење на наставата. Заедно со родителите ќе изнајдеме каде би било најдоброто место за овој училиштен објект. Ќе има и нови детски градинки. Крајно време е Карпош, Перо Чичо и Зелен рид да добијат градинки“, кажа Михајловски.

    Кандидатот вети и многу други проекти.

    „Проект за нов театар во Куманово. Проект за нов албански театар. Реконструкција на спортската сала. Реконструкција на Соколана. Проект за реконструкција на градскиот стадион“, рече Михајловски.

    На митингот во Куманово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги праша кумановци дали живеат подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено.

    „На 17 октомври е можноста за промени. Прашањето кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што денеска наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, рече Мицкоски.