Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Представници на младите на Демократската партија на Србите во Македонија, учествуваа на Форум посветен на политичкиот дијалог на младите, а насловен како „Одговорно лидерство - како да станете подобар лидер.
Лидерство во политиката и лидерство во економијата“.Форумот беше поделен на три дела и се одржа во Хотелот Арка во Скопје во организација на институтот ОХРИД каде што земаа учество младинските организации од сите политички партии во Македонија.
По завршувањето на дијалогот претседателот и заменик претседател на Младите на Демократската партија на Србите во Македонија, Далибор Китановиќ и Бојан Аврамовиќ беа примени во резиденцијата на заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави.