×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите од ГРОМ однесоа помош на семејството Стојковски

    14.02.2014 16:25 | KumanovoNews

    Младите од ГРОМ денеска однесоа храна, облека и средства за лична хигиена на седумчленото семејство на Игор Стојковски од населбата Иго Тричковиќ.

    Младите од ГРОМ однесоа помош на семејството Стојковски

    Тие поразговараа со членовите на ова сиромашно семејство кои се пожалија дека дрвата за огрев им се при крај, а со социјалната помош од 2000 денари не можат да купат ниту еден кубик дрва.

    Откако прочитавме на вашиот портал за седумчленото семејство решивме да се организираме и да помогнеме. Дониравме алишта, храна, леб, млеко, зејтин, се што е потребно за ова семејство да ја помине зимата. Направивме муабет и заклучивме дека им се потребни уште работи како дрва за огрев, парични средства и ќе се потрудиме во наредниот период да обезбедиме што е можно повеќе - изјави Сања Трифуновска, претседател на Форум на млади на ГРОМ за Куманово.

    Игор откако во медиумите побара помош од хуманите луѓе, неколкумина му се јавиле и ветиле помош, но членовите на ГРОМ се први кои ги посетија Стојковски.

     Од Валандово ми се јави човек и кажа дека ќе прати пратка преку пошта. Дојдоа од Црвен Крст Куманово, а Центарот за социјални работи ми пушти еднократна парична помош. Јас многу им се заблагодарувам на ГРОМ што во оваа прилика, на ваков убав празничен ден дојдоа да ме посетат - рече Стојковски.

    Тој апелира до сите сограѓани доколку можат да му помогнат со работен ангажман или на друг начин да му излезат во пресрет.

    35- годишниот Игор е невработен, а неговата сопруга Марина Алексиќ (27) е болна од епилепсија. Тие имаат пет деца од кои најголемото има 10 години, а најмалото 6 месеци.