Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Производителите на млеко до крајот на април треба да поднесат документи за добивање на субвенции.
Се поднесуваат документи за предадено млеко за октомври, ноември и декември 2012 година. Потребна е белешка од млекара и формулар потполнет да се достави. За литар млеко се добиваат по 3,5 денари субвенции од државата. За 15 отсто повеќе добиваат оние млекари што се во населени места со надморска височина над 700 метри, планински села - вели Томе Цветковиќ, советник за полјоделство во Агенција за поттикување и развој на земјоделството.
Наредните денови за аплицирање за субвенции ќе бидат информирани млекарите од Речица, Доброшане, а веќе се едуцирани жителите на Режановце, Пчиња, Студена Бара, Градиште, Косматац, Драгоманце и други села.