×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млекарницата “Бучен Козјак“ во нов производствен погон

    13.06.2014 14:11 | KumanovoNews

    Една од најреномираните млекарници во државата “Бучен Козјак“ од Куманово, од денеска ќе работи во нов современ објект во индустриската зона во населбата Доброшане.

    Млекарницата “Бучен Козјак“ во нов производствен погон

    Црвена лента ја пресекоа сопствениците Снежана Станојковиќ и Слободан Стојковски, со што означија почетокот на една нова ера во нивното работење.

    Генералниот извршен директор на компанијата Анита Спасовска, поздравувајќи ги гостите на свеченоста,  го истакна развојниот пат на млекарницата, која од мал семеен бизнис прерасна во препознатлив бренд.  

       - Она што основачите го поставиле како темел, всушност, претставува и мисија на претпријатијето. Менаџменот и вработените до ден денес настојуваат да произведуваат квалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните корисници да конзумираат природни и на традиционален начин подготвени производи. Посветеноста во работата, почитувањето на законските одредби, следењето на секојдневните промени и тенденцијата кон сето ова се основни начела во нашето работење. Денеска сме тука да ги прославиме јубилејните 30 години постоење на македонскиот пазар и отварањето на новиот производен погон, - рече Спасовска.

    Млекарницата “Бучен Козјак“ започнала со работа скромно со 10 литри млеко дневно, а со постојаниот растеж и развој се изгради во препознатлив бренд на македонскиот пазар.