Момче со автомобил се превртело на излез од градот
20.01.2016 10:37
| KumanovoNews
Седумнаесетгодишно момче вчера со автомобил се превртело на излез од градот.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот при излез од Куманово кај ресторанот Милано. Кога возилото се превртело, момчето се здобило со полесни повреди и по укажана медицинска помош на хирушкото одделение во Општа болница Куманово , било пуштено на домашно лекување.