Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Железничка станица Табановце, волонтери на Црвениот крст започнаа со поставување на монтажни објекти за потребите на мигрантите кои транзитираат низ државата.
Куќичките се донација на УНЦХР и ќе бидат со површина од 18 метри квадратни.
“Тоа е на некој начин транзитен центар. Кога ќе се симнат мигрантите од воз, да имаат каде да измијат раце, лице, да одат во тоалет. Тендите се монтажни и се поставуваат за да имаат каде да се засолнат, да одморат“- вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
Објектите се монтираат веднаш до железничката станица, до самата пруга, а ќе бидат поставени 10 вецеа, мијалници, чешми и осветлување на целиот простор.
На наведената локација поголеми групи мигранти поминуваат во утринските и вечерните часови.