×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мостот кај „Башкими„ чека реконструкција

    29.04.2015 17:12 | KumanovoNews

     Под итно да се поправи мост на реката Липковка, кој беше оштетен за време на последните поплави, бараат граѓаните кои живеат во близина на стадионот „Башкими„.

    Мостот кај „Башкими„ чека реконструкција

    Мостот претставува сериозна опасност за над 100 семјства кои секојдневно го користат, бидејќи пред неполн месец од него паднало 8 годишно момче. Само со голема присебност на сличаен минувач детето било спасено од сигурна смрт.

    Детето се движело со своите другарчиња кога наишло куче. Потрчало да побегне преку мостот, но бетонот се скршил и пропаднало во водата. Среќа што наишол некој од соседите и го извадил, инаку ќе се случеше трагедија, - вели Арслан Фазлиу.

    Ние сме целосно отсечени од градот. До нашите куќи не може да стигне ни брза помош ни пожарна. Затоа апелираме до надлежните што побрзо да пуштат пари за поправка на мостот, - додава Фета Ајдини.

    Општинската комисија за проценка на штети смета дека за реконструкција на мостот се потребни 1.2 милиони денари. Извештајот денеска беше усвоен од Советот на општина Куманово, и истиот ќе биде доставен до Влада на Република Македонија за исплата на средства.

    „Ќе очекуваме Владата да донесе одлука, за да можеме овој мост да го санираме. Поплавата и големиот водостој на реката Липковка, која што надојде ја наруши статиката на мостот кој не беше во добра форма. Овој мост е од општонародно добро, сите граѓани го користат, немаше некои забелешки.“ - вели Цоки Ристовски, претседател на општинска комисија за проценка на штети.