Мото-крос за Богородица во Забел
18.08.2014 08:36
| KumanovoNews
Традиционално по 4 - ти пат на 28 август, во манастирот Забел, општина Старо Нагоричане ќе се одржи мото крос.

Почетокот на кросот е закажан за 13 часот, а во текот на оваа недела моторџиите ќе се пријавуваат за учество, со тоа што постои можност освен домашни, да има и моторџии од соседството. За повеќе информации заинтересираните можат да се обратат до Мото крос федерација на Македонија или општина Старо Нагоричане.