Мотокултиватори отсега ќе се паркираат кај мостот на Којнарка, пред Спомен костурницата и до месарата БДИ
Сопствениците на мотокултуватори отсега ќе се паркираат на мостот на Којнарка, на паркинзите кај Спомен костурницата и до месарницата БДА, за да се тргнат од главните сообраќајници и тротоари на ул. „Доне Божинов“ во Средорек, и од булеватот „Октомвриска револуција“, кај малото пазарче.

Ова било договорено на вчерашниот состанок на градоначалникот Максим Димитриевски, надлежните општински служби и СВР Куманово, со сопствениците на мотокултиватори.
Состанокот бил инициран поради поплаки на граѓаните и на дуќанџиите на двете локации дека мотокултиваторите го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.
„Целта на состанокот беше разгледување на тековните состојби, предизвиците и можните решенија поврзани со користење на мотокултиватори, нивното влијание врз животната средина и урбаното живеење, како и определување на мерки што Општината може да ги превземе во соработка со граѓаните. На состанокот беа определени локациите за времено паркирање на мотокултиватори и тоа: локација на влез на Спомен Костурница и на паркин просторот кај поранешeн„Житомел„ (објект кај улица „Октомвриска револуција„). Исто така надлежните институции се договорија да спроведат заедничка акција за расчистување на смет од диви депонии во која ќе учествуваат и сопствениците на мотокултиватори“, стои во соопштението на Општина Куманово.
Во градот има околу 150 мотокултуватори, кои вршат транспортни услуги на граѓаните, но голем дел од тој отпад го фрлаат на јавните површини, поради што реагираат надлежните.
Проблемот со мотокултиваторите во градот се актуелизира и „решава“ само пред изборите.