×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • MOZZART донираше 10.000 евра за Општата болница во Куманово

    03.04.2020 11:00 | KumanovoNews

     Компанијата Mozzart донираше 10.000 евра за Општата болница во Куманово.

    MOZZART донираше 10.000 евра за Општата болница во Куманово

    Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, од компанијата велат дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

     - Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример, – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet, лидер во областа на приредување на игри на среќа.

    Од Општата болница Куманово се заблагодарија на донацијата и истакнаа дека средствата ќе бидат искористени за   набавка за опрема за лична заштита на вработените и за набавка за средства за дезинфекција.

    Досега Mozzart донираа 15.000 евра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и 10.000 евра на Општата болница во Куманово. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации во вкупен износ од 25.000 евра, наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.