Мени

МТСП: Препораките важат за сите, ќе следат казни за прекршителите

12.03.2020 14:04 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика(МТСП) ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на болеста на коронавирусот.

МТСП: Препораките важат за сите, ќе следат казни за прекршителите

Укажуваме дека согласно заклучоците, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

- Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст (или активно 4 одделение), хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, - соопштуваат од МТСП.

Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и  да го заштитиме заедничкото здравје.