Мени

Му се слошило додека возел, излетал од патот и починал

23.03.2026 17:02 | KumanovoNews

Кумановец починал откако му се слошило и со возилото излетал од локалниот пат меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.

Му се слошило додека возел, излетал од патот и починал

Несреќата се случила вчера околу 17 часот, на местото викано „Кантон“, кога патничко моторно возило „Даеву Тико“, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од патот.

„Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д. (57) биле констатирани телесни повреди во Општата болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.