Му украле накит вреден 30 иљади евра
20.01.2012 09:57
| KumanovoNews
Во куќата на Р.С.(52) од с.Лопате крадци украле златен накит вреден 30 иљади евра. Р.С., кој не живеел во куќата пријавил дека кражбата е извршена во текот на изминатите 9 месеци, додека никој немало дома.

Разбојниците влегле во куќата и од две спални соби на вториот кат украле прстени, синџирчиња, нараквици, огрлици, петолирки ,ќустек и друг накит во вредност од околу 1.830.000 денари.
СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.