×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мудроста на кумановските поговорки

    30.11.2019 09:35 | KumanovoNews

    Кумановските поговорки се мудростите на нашиот народ, нивните искуства и размисли кои со векови се пренесуваат од колено на колено.

    Мудроста на кумановските поговорки

    Тие во себе ја носат длабоката мака и неверојатната смисла за хумор на кумановскиот народ, која се разликува од секој друг град.

    * Дваесет кумановски поговорки:

    1. Богат једе к'д сака, а сирома к'д има.

    2. Бик мисли дека фрља земљу на другога, а она паднe на њега.

    3. Бирала Бирка ќоравога Мирка.

    4. Благ како пелин.

    5. Бистра водица, мирна главица.

    6. Вол се вржује за рогови, а човек за језик.

    7. Гуска смела, вода однела.

    8. Дрво се наслања на дрво, а човек на човека.

    9. Д'н'с везир, јутре резил.

    10. Ем шут, ем се боде.

    11. Жаба не крека на суво.

    12. Живи за да му пројде д'н.

    13. Зачудија се шут што добија рогови.

    14. Зашто руке да гори, к'д има машу.

    15. Зет како мед, а син како пелин.

    16. Две лубенице под едну мишку не се носив.

    17. Гладно куче и на газду 'ржи.

    18. Што е глава поумна, пол'сно им е на рамиња.

    19. Џабе ако е поп ако не е човек.

    20. Спрема браду и брич.