×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мурали и графити го красат училишниот двор на „Крсте Мисирков“ во Куманово

    20.11.2019 23:24 | KumanovoNews

    Запуштените и темните места во училишниот двор на Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, станаа естетски уредени катчиња со графити и мурали, насликани од млади уметници.

    Мурали и графити го красат училишниот двор на „Крсте Мисирков“ во Куманово

    Со поддршка на училиштето во изработката на овие уметнички дела учествуваа уметниците: Дарко Трајковски и Дејвид Стоилковски од Куманово,  како и Марко Тасевски и Дејан Давчевски од Скопје.

    „Од една страна, целта ни е да се даде простор на младите од општината, па и на ниво на државата слободно да се изразат, а тоа да биде во центарот на градот каде ќе бидат видени од поголем број на луѓе. Додека пак од друга страна, полека да почнеме да ги средуваме запуштените места во училишниот двор, таму каде се наоѓаат нашите најмали дечиња, од градинките и основното училиште. Веќе се забележува дека училиштето станува препознатлива точка за нивното дефинирање", - вели Југослав Спасиќ, заменик директор во ООУ „Крсте Мисирков“.

    Тој додава дека веќе и уметниците го препознаваат училиштето како место за слободно изразување и сами доаѓаат да се вклучат во активностите, а воедно и самите настани прераснуваат во заедничката забава и дружење со најмалите во училиштето.

    Изработката на муралите и графитите предизвика огромна заинтересираност, па на самите настани без никаква покана се собраа околу 400-500 луѓе, а на социјалните мрежи веќе има околу илјадници слики на учениците покрај украсените ѕидови.

    Досега на ваков начин се уредени 1100 квадратни метри со средства од училиштето и уметниците.

    Исто така, од училиштето велат дека, имаат аплицирано и со проект  до Министерството за култура   и доколку им биде одобрен, планираат до крајот на годината да направи уште три мурали со големина од по 350 квадратни метри во висина од 12 метри, на теми од областа на екологијата, инклузијата и соживотот, кои се предвидува да се работат со три техники: спреј, колор и графика.

    (Ф.М)