×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мургашанска најави хумана урбанизација, повеќе зеленило, еколошки јавен превоз...

    28.09.2021 13:49 | Сузана Николиќ

    На пет централни столба се темели програмата на СДСМ за Куманово, кои се однесуваат во сите сфери на општинското живеење и со кои е предвидено подобрување на состојбите во Куманово, најави Атина Мургашанска, носителка на листата на СДСМ во Куманово.

    Мургашанска најави хумана урбанизација, повеќе зеленило, еколошки јавен превоз...

     „Проектот „Мој Градоначалник“- преку кој, градоначалникот го доближуваме непосредно до граѓаните и обезбедуваме директна комуникација со него и општинската администрација, хумана урбанизација, со кој гарантираме планско градење со заштита на јавниот интерес и двојно повеќе зеленило за секој нов квадрат бетон, зелена агенда, столб со кој предвидуваме завршување на терциерната мрежа на гасификацијата, односно истата да стигне до сите домаќинства, набавка на еколошки јавен превоз, пречистителни станици, енергетско ефикасни фасади на колективни станбени згради. Економски развој преку зголемување на финансиските можности на општината и економски политики насочени кон подобрување на деловниот амбиент и инфраструктурни проекти, односно одвојување на еден милион евра секоја година за реконструкција на постојани улици и изградба на нови, како и изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, најави Мургашанска.
     

    Таа додаде дека  во наредните деновите детално ќе ја презентираат програмата, со која гарантираат позитивна промена на ликот на Куманово во
    наредните 4 години.

    „СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот на нашата општина. Слушајќи ги вашите потреби, за мандатниот период 2021-2025 година, излегуваме со програма креирана од вас самите. Во Програмата се опфатени сите населени места во Општина Куманово и она што е најважно, за секој проект имаме финансиска конструкција, што гарантира дека истата во потполност ќе биде спроведена“, вети Мургашанска.