Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Музичарот Филип Стевановски од Куманово е меѓу загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, потврдуваат негови блиски.
Тој бил член на бендот „ДНК“, на чиј концерт се случи трагичниот настан.
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, од 24 јануари и директор на Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Тој беше и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.
Своето музичко образование Стевановски, како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и беше магистер по џез студии.
МВР информираше дека во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинале 59 лица, од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје. За сега е потврдена смртта на уште еден член на бендот- Горги Георгиев од Струмица.