Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција ќе испитува кој ги затворил вентилите на цевковод од липковските акумилации, откако двете претријатија категорично тврдат дека не го сториле тие.
Ова го побараа советниците од позицијата и опозицијата на синоќешната маратонска седница која траела до 1 часот по полноќ.
Оние што го злоупотребуваат општото добро и ги затвориле вентилите мораат кривично да одговараат. Случајот ќе се пријави кај надлежните органи и мора да се пронајде виновникот и тој да си ги сноси последиците за тоа што го сторил- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
На Советот беше речено дека е видено едно лице како ги затвора вентилите, но не е познато дали тоа го сторило по наредба на некого или самоиницијативно. Сите сознанија ќе бидат пренесени во полицијата.
Советниците и покрај политичките разлики, единствени се дека граѓаните несмеат повеќе да се доведуваат во ваква состојба и што поскоро треба да се надминат проблемите на двете претпријатија, да се утврди надлежноста и да се обезбеди целосна контрола на браните и водоводниот систем.
Иако од вчера водата е пуштена, ја нема во доволни количини и поголем дел од градот е сеуште без вода или добива само во доцните ноќни часови.