×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР ќе вработи 50 извршители

    28.08.2014 10:34 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 50 извршители.

    МВР ќе вработи 50 извршители

    Се бараат 7 извршители со завршено образование од областа на информатичка  технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, 4 извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите, 10 извршители со завршен  Природноматематички факултет -насока хемија и биологија, 2 извршители со завршен Природноматематички факултет -насока физика,1 извршител со завршен  Машински факултет -насока моторни возила.

    Се планира вработување на 8 извршители со завршен Правен факултет, 5 извршители со завршен Правен факултет и 3 извршители со завршен Правен факултет и со положен правосуден испит, 8 извршители со завршен   Економски факултет - насока банкарство и јавни финансии, 10  извршители со завршен Факултет за безбедност.

    Дел од кандидатите ќе бидат ангажирани во внатрешноста. Тие треба да се полнолетни, да се државјани на Република Македонија, да не се постари од 30 години ако прв пат засноваат работен оснос со завршено високо образование, да не се осудувани, познавање на англиски јазик и работа со компјутери и друго.