×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР објави листа на лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

    22.06.2020 09:41 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

    МВР објави листа на лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

    „Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд“, пишува во објавата на веб страната на МВР.

    Доколку лицата не се јават, како што се додава, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.