×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР се мобилизира за да помогне во справувањето со пожарите во земјата

    18.07.2024 14:25 | KumanovoNews

    Mинистерството за внатрешни работи (МВР) одлучи целосно да ги мобилизира сите свои расположливи човечки и технички ресурси под оперативна акција „Пожар 2024“, со цел да помогне за што побрзо гаснење на пожарите во земјата. 

     

    МВР се мобилизира за да помогне во справувањето со пожарите во земјата

    „Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите. Секторите за внатрешни работи како регионални единици на МВР ќе бидат постојано на терен со зголемено присуство и тесно ќе соработуваат со останатите сектори како Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, Одделот за гранични работи и миграција, Крим полицијата и други оддели при Бирото за јавна безбедност. Присуството на полицијата на терен ќе биде зголемено. Постојат индиции дека дел од пожарите се подметнати и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите“, соопшти МВР.

    Оттаму апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа, а доколку забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.

    „Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми“, вели МВР. 

    На координативниот состанок присуствувале министерот Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР.