Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
З.С.(27), В.И. (31), С.С.(34), Н.Н.(31), Б.Ш.(36) и М.Н.(44), се лицата кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект во с.Матејче.
Според МВР, несреќата се сличила во викендичка на место викано „Матејачки колиби“, а повредените биле донесени во Кумановската болница. Потоа тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ на пластична хирургија.
Случајот во СВР Куманово синоќа во 21.45 часот го пријавиле од Општата болница-Куманово.
Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.