500x100-1
11. 11. 2019 10:11

На 11 Ноември 1944 година Куманово ја дочека слободата во радост и солзи

На 11 Ноември 1944 година Куманово ја дочека слободата во радост и солзи

На 11 Ноември 1944 година, Куманово осамнало ослободено од фашистичкиот окупатор. Борците кои учествувале во последните пресметки со германската војска,  раскажуваа за тешките моменти и големата радост за слободата и големата победа над окупаторот.

Неколку дена пред ослободувањето на градот се воделе жестоки борби во кумановско, а околу Куманово биле концентрирани голем број германско - фашистички војници. Германците и покрај тоа што давале силен отпор, претрпеле големи загуби во Страцин, каде се борела кумановската дизвија со 17 и 18 бригада.

    - Јас учествував во 17 бригада и ние навлеговме во Куманово преку Врањско џаде. Борбите траеја непрекинато од 1 до 10 ноември, кога Германците почнаа да се повлекуваат, а нашите единици беа распоредени на Табановце, Четирце, Горно и Долно Којнаре. Штом слушнавме на 11 ноември рано наутро јаки експлозии, знаевме дека Германците се повлекуваат. Тие го минираа надвозник кај Врањско џаде и кај Спомен костурница на железничката пруга. Од искуство од претходни борби знаевме дека штом ќе дојде до уривање на одредени објекти, Германците се повлекуваат. Тие имаа тешка задача да обезбедат комуникација на релација Куманово - Крива Паланка“ - раскажуваше пред неколку години борецот Спирко Зафировски.

  На 11 Ноември, околу 8 часот започнала прославата за големата победа, кога партизаните влегле на слободна територија.

    - Сите излегоа на улици, како од земја да израснаа. Од сите страни срдечно не пречекуваа, со поздрави и пароли, со песни. Младите упаѓаа во нашите редови и ни ги земаа капите. Во центарот кај Тумбата се одржаа говори за ослободување на Куманово. Таму веќе беа поставени маси и импровизирана бина. Интересно е што за толку кратко време, многу народ се собра што ретко се случува и на митинзи. Сите музичари кои беа во Куманово излегоа и настана една голема општонародна веселба. Куманово не дочека со радост и со солзи. Оние што загинаа, ја немаа таа среќа да го видат ослободен градот и да се прегрнат со своите најблиски, - се сеќаваше Зафировски.

За слободата на Куманово животот го дале 455 борци и 350 цивили.  Борците апелираат до младите да ја чуваат и ценат слоботата кои тие ја извојувале со многу крв и страдања.

На 11 Ноември 1944 година Куманово ја дочека слободата во радост и солзи