×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му треба локален весник?

    22.02.2013 15:30 | KumanovoNews

     Од Центар за меѓукултурен дијалог и Комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на општината Куманово, сакаат да започнат со издавање на локален весник на повеќе јазици.

    На Куманово му треба локален весник?

     Тие сметаат дека треба да се издава весник во печатено издание, со текстови на македонски, албански, српски, ромски, турски и влашки јазик. Идејата денеска ја презентираа пред јавноста,  а истовремео ги слушнаа искуствата на професионалците.

    Не сме мал град, имаме многу настани, имаме население. Електронските информации се со кратка содржина, не стигаат секогаш до публиката, се губат.  Весникот може да понуди сторија, приказна. На текстовите ќе има сумирање кратко со превод на друг јазик и тоа ќе ги натера и да се заинтересираат, да го научат туѓиот јазик. Ќе има работа за новинари што секако е добро - рече Стефан Маневски од ЦИД.

    Актерката Кети Дончевска - Илиќ, вели дека другите помали градови веќе имаат свои весници и Куманово заслужува да има печатен медиум. Според неа, има многу настани од културата, активности во невладин сектор и други активности кои треба медиумски да бидат покриени.

    На трибината присуствуваше и новинарот во пензија Столе Божиновски, која објасни дека идејата се пласира во погрешно време, кога независното новинарство е изгубено.  Тој вели дека идејата е  стара и досега имало обиди за отварање на локален венсик, но не успеала заради недостиг на сретства.

     Локалните медиуми се уништени. Се уништува професијата новинар, новинарските пера, се уништуваат медиуми. Порано “Наш весник“ беше бренд, се делеше по фабрики. Порано меѓународната заедница помагаше за медиумите, ама кога видоа колку сме способни да го злоупотребиме тоа и да не не биде се откажаа. Политичарите немаат разбирање за медиум. Секој кој сака да даде пари во медиум прашува за рејтинзи - вели Божиновски.

    Повеќето новинари дадоа препорака дека е најдобро да се почне со амбициозен портал кој ќе има редакција од неколку млади новинари, па ако успее да се премине и на печатено издание.