Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 1 јануари годинава пацинетите на лекар треба да одат само со електронска здравствена картичка, а доколку истата не им е готова можат да носат со себе здравствена книшка.
Книшката веќе е невалидна и немаат право да ги бараат аптекарите, ниту во друга институција. Пациентот и сите доктори треба да го почитуваат законот. Кај матичните лекари од 1 јануари не постојат веќе дневници амбулантски, туку постои електронски дневник. Докторите на крај на денот го печатат електронскиот дневник кој се чува во посебни папки. Тоа е новина - вели Фатмир Асани, претседател на матични лекари во Куманово.
Беше најавено дека старите здравствени книшки од стартот на годинава ќе бидат исфрлени од употреба, но пациентите од неинформираност сеуште заедно со ЕЗК ги носат кога одат на лекар.