Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девојка од Куманово е ранета на периферијата на Куманово, откако во неа било пукано со огнено оружје.
Инцидентот се случил околу 14.30 часот на м.в. Менкова колиба, кога под сеуште неразјаснети околности, во нозете на девојката пукало машко лице. Девојката се здобила со неколку прострелни рани.
Пренесена во кумановската болница, каде во моментот е подложена на оперативен зафат. Лицето што пукало е во бекство.
Од СВР Куманово го потврдуваат инцидентот, и велат дека нивни екипи се на терен и работат на откривање на напаѓачот и мотивите за пукањето.