Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mладите од Куманово, викендов, за првпат се вклучија во меѓународната манифестација „Небо од меурчиња„, која на 25 –ти мај традиционално се организира на плоштадот во полскиот град Познан.
Идејата за правење меурчиња на Градскиот плоштад, потекна од волонтерка од Полска, која престојува во Куманово, а ја реализираше Центарот за меѓукултурен дијалог.
Манифестацијата има за цел да ги обедини младите и децата, но и оние повозрасните за да можат да се почувствуваат како деца. Другата поента е да се зближат културите од две различни држави. Настанот за првпат се организира заеднички помеѓу Полска и Македонија- изјави Паулина Тшибу волонтер од Полска
Додека едни правеа меурчиња, другите младите повеќе од два часа се забавуваа преку најразлични интерактивни игри, цртање на хартија, улична анимација, настапи на локални бендови.
Симболиката всушност е да се промовира мирот, другарувањето и радоста на младите, бидејќи во реалноста овде сме преокупирани од политиката и со други работи. Многу е важно да се опуштиме малку, да не мислиме на ништо, туку само да правиме меурчиња- изјави Матеј Маневски од Центар за меѓукултурен дијалог-Куманово
Од Центарот за меѓукултурен дијалог планираат младите со меурчиња од сапуница да го срушат досегашниот Гинисов рекорд. Освен Куманово годинава за првпат и Барселона станала дел од манифестацијата „Небо од меурчиња„.