На Свети Никола поетите гостуваат во Штип
18.12.2013 11:50
| KumanovoNews
На верскиот празник Свети Никола, поети од Куманово ќе читаат поезија во градската библиотека Штип, по повод празникот на градот.

Пред тамошната публика ќе се претстават 4 автори од нашиот град.
Штипското друштво на писатели “Искра“ издава нов број на алманахот за 2012/2013 година во кој учествуваат и поети од Куманово со свои творби.