На Свети Трифун ќе се закројува лозје во “Киро Бурназ“
13.02.2013 10:12
| KumanovoNews
По повод христијанскиот празник Свети Трифун, утре ќе се закројуваат лозовите насади во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

По закројувањето на лозјето, во училиштето ќе има презентација на училишните проекти и презентација на винарија “Премиум“. Настанот со кој ќе се одбележи денот на лозарите е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.