На Табановце уапсен возач што превезувал 10 мигранти
11.09.2019 09:04
| KumanovoNews
Полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје, поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.

Мигрантите заедно со возачот предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.