Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поголема количина на лекови за потенција откриле цариниците на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.
385 лекови тестостерон, вијагра и камагра се откриени при контрола на личните работи и личен претрес на македонски државјанин, кој се возел во автобус што сообраќал на редовна линија Скопје – Дортмунд. Во тетрапак пакување за сок биле пронајдени 265 ампули инјекции тестостерон, додека во џеб од јакната на патникот и во панталони, елек, чорапи биле пронајдени 100 таблети вијагра и уште 20 кесички камагра во рачна ташна што патникот ја носел околу телото.
Во неколку други случаи минатата недела царинските службеници спречија шверц на 7000 евра, 71 штека цигари и 350 егзотични аквариумски риби.