×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце запленети девизи и компјутерски делови

    10.09.2013 14:36 | KumanovoNews

     На граничниот премин Табановце, минатата недела во неколку наврати спречен е шверц на компјутерски делови, ножеви, делови од свадбена облека, девизи и школски прибор.

    На Табановце запленети девизи и компјутерски делови

    13.500 евра се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој возел автомобил со словенечки регистарски таблички на излез од државата. Возачот не пријавил ништо за царинска контрола, но потоа во неговата рачна ташна се пронајдени 15.500 евра, од кои согласно Законот за девизно работење веднаш му се вратени 2.000 евра.

    Во вториот случај се пронајдени 45 делови од свадбена носија (кошули, шалвари, димии, елечиња, колани и украси) при контрола на автобус со српски регистарски таблички, пријавен за влез во државата.Непријавената стока била во патна торба, сопственост на македонски државјанин.

    Царинските службеници заплениле 11 различни компјутерски делови (монитор, графички картички, куќишта, матична плоча и кулер), откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била во багажниот простор на возилото.

    Запленети се и 990 ножеви за сецкање и лупење, 960 пластични држачи за истите, и 122 козметички препарати марка Хемел (масло за спортска масажа од 200 ml, маст против брчки од 50 ml и маст за петици од 30 ml и 75 ml) во автобус што сообраќал на редовна линија Белград-Охрид. Непријавената стока била сокриена во три патни торби, сместени во просторот наменет за алат и покриени со теписони.

    85 комплети школски прибор и 420 лакови за нокти, откриени се при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавено за влез во државата. Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор, сокриена помеѓу личните работи на возачот.

                                                        (фото архива)