На три локации прекинато водоснабдувањето
11.07.2013 08:00
| KumanovoNews
Снабдувањето со вода поради дефекти утрово е прекинато на две улици во градот и во населбата Средорек.

Вода немаат станарите од улиците “Драгоjло Диндиќ“ и “Народна револуција“.
Од ЈП“Водовод“ велат дека нивни вработени се излезени на терен и работат на отстранување на дефектите. За неколку часа снабдувањето со вода треба да се нормализира.