×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На улицата “Љубе Гашев“ ќе се вози еднонасочно?

    12.09.2013 13:08 | KumanovoNews

     Советниците денеска ја изгласаа одлуката за измена на режимот на  сообраќај за Третата фаза, но со заклучок побараа од стручните служби да преиспитаат дали ова сообраќајно решение е најдобро за овој дел од градот.

    На улицата “Љубе Гашев“ ќе се вози еднонасочно?

    Еднонасочна ќе стане и улицата „Љубе Гашев“ и покрај  противењето на станарите од зградите 13, 15 и 17 од улицата “11 Октомври“, кои доставија петиција до Советот, секторот и до градоначалникот. Тие се незадоволни од сообраќајното решение, бидејќи ќе треба да заобиколуваат по околните тесни улици за да стигнат до дома со возило.

    Советникот од СДСМ, Александар Арсиќ побара стручните служби  да го преиспитаат сообраќајното решение за да видат дали тоа е во интерес на граѓаните. Додека Саша Николиќ, советник од ДПСМ смета дека еднонасочниот сообраќај создава хаос и посочи неколку улици во центарот на градот како лош пример.

    Би ја навел “Ленинова“ која пред неколку години е направена еднонасочна. Тука е и “Народна револуиција“ која поминува кај Градската библиотека и ОУ “Браќа Милдиновци“ и ОУ “Крсте Мисирков“. Наш предлог е да не брзаме со одлуки и да ги разгледаме сообраќајните решенија. Ние во градот немаме патокази за некои витални објекти, железничка, автобуска станица, болница, црква, џамија - кажа Николиќ.

    Од воведувањето на еднонасочен сообраќај на споменатата улица се засегнати стотина семејства кои живеат во трите станбени згради.