×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Зебарњак ќе се слави 1 век од Кумановска битка

    03.09.2012 09:35 | KumanovoNews

    Предвидено е присуство на делегации и гости од повеќето балкански земји,  а се очекува и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ.

    На Зебарњак ќе се слави 1 век од Кумановска битка

     Демократската партија на Србите во Македонија се подготвува за прославата на 100 годишнината од Кумановска битка на споменикот Зебарњак. На денот на одбележувањето на битката, 24 октомври, предвидено е присуство на делегации и гости од повеќето балкански земји, амбасадори, воени аташеа,  а се очекува да дојде и српскиот претседател, Томислав Николиќ. Поради тоа ДПСМ и Општината Старо Нагоричане интензивно работат на обновување на Спомен костурницата на паднатите борци и уредување на просторот околу неа, како и асфалтирање на пристапниот пат.

    Оваа година се одбележува 100 годишнината од Кумановската битка. Тоа е момент кој се случува еднаш во животот на луѓето и на нас како генерација ни се падна активно да учествуваме во одбележувањето на овој празник. Се надевам дека тоа ќе го направиме на најдобар можен начин.

    По тој повод во месец октомври, ќе имаме повеќе културни активности, но ќе дадеме свој придонес и во уредување на местото каде што ќе се одржи прославата, на Зебарник. Иста така, наши членови ќе бидат задолжени за примање на гостите што се најавуваат да дојдат од Република Србија, Република Српска и другите земји- вели претседателот општинската организација на ДПСМ Бобан Јаќимовиќ.

    Во наредниот период ќе се преземат и други активности и манифестации со Српската заедница во Македонија за големата прослава.