„Наце Буѓони“ ќе соработува со училиште од Маниса
Средното училиште „Наце Буѓони“ неодамна потпиша меморандум за соработка со приватното средно техничко училиште од Маниса, Турција.

Училиштето е основано за да образува кадри за потребите на индустриската зона на Маниса во која се вклучени 220 фабрики.
Меморандумот го потпишаа Генералниот директор на училиштето, Саадетин Думлу и директорот на индустриската зона Фунда Караборан. Со потпишувањето на Меморандумот двете училишта со взаемно почитување и зголемување на чувствата за мир и пријателство се согласија за меѓусебно запознавање на културните вредности и модернизација на наставниот процес - изјави директорката Лидија Михајловска.
Предвидени се размени на ученици и наставници и размена на искуства.