„Наце Буѓони“ и „Крсте Мисирков“ на регионален противпожарен квиз
Средното училиште „Наце Буѓони“ и основното училиште „Крсте Мисирков“, победија на општинскиот противпожарен квиз и ќе учествуваат на регионален противпожарен квиз на 20 ноември во Кратово.

Темата за регионалниот натпревар е „Пожари на отворен простор, шумски пожари и пожари во урбани средини“.
„Наце Буѓони“ победи во категорија на јуниори, а „Крсте Мисирков“ во категорија на кадети. Конкуренцијата беше јака, учениците имаат знаење. Сега ќе се подготвуваат за регионалниот квиз натпревар. Материјалот е ист и квиз натпреварот е на ист принцип како и општинскиот“ - рече Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово.
Победниците од регионалниот натпревар ќе добијат шанса за учество на републички натпревар кој ќе се одржи во Виница.