Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за социјални работи Куманово има регистрирано над 5000 корисника, од кои 4130 примаат социјална парична помош, а 758 постојана парична помош.
Тие ги исполнуваат законските услови и со тоа се стекнале со правото за социјален надомест во наредните 6 месеци.
Станува збор за две категории на корисници и тоа: најбројни се оние што се работно способни, а матерјално не се обезбедени, кои додека чекаат да најдат работа добиваат социјална парична помош. Другата категорија на луѓе се работно неспосони и матерјално необезбедени, тие примаат постојана парична помош, а се одобрува и туѓе нега за лица кои имаат здравствени проблеми и некој друг мора да се грижи за нив- објаснуваат од Центарот.
Во Центарот за социјални работи се опфатени корисници од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.