Над 60.000 тони смет собрани во североисточниот регион
04.06.2014 07:36
| KumanovoNews
Во североисточниот регион лани се собрани 61.040 тони комунален отпад, наспроти 83.856 тони кој бил создаден во истиот период.

79 отсто од отпадот го создаваат домаќинствата, а останатите 21 отсто е комерцијален отпад, стои во соопштението на Државиот завод за статистика.
Нашиот регион има собрано комунален отпад приближно колку и источниот, помалку од пелагониски, скопски и вардарски, а повеќе од полошки, југоисточен и југозападен регион.