×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 600.000 евра девизи пријавени на Табановце

    14.08.2015 15:05 | KumanovoNews

    На царинска испостава Табановце во вториот квартал од 2015 година, се пријавени 651.900 евра или 19,4 отсто од вкупната вредност на девизи пријавени на царинските испостави, стои во извештајот од Царинската управа.

    Над 600.000 евра девизи пријавени на Табановце

    На граничните премини во Република Македонија, во вториот квартал од 2015 година вкупно се пријавени девизни средства во противвредност на 3.358.720 евра, од кои 3.313.720 евра на влез во Република Македонија и 45.000 евра на излез од Република Македонија. Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на Аеродром Скопје и тоа во противвредност на 1.282.969 евра или 38.2 отсто.

    Во вториот квартал годинава пријавени се за 15,4 отсто помалку девизи во однос на првиот квартал во 2015 година, а во однос на вториот квартал во 2014 година, пријавени се за 1,5 отсто помалку девизи.