×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 600 производи во новогодишнатa кошница ќе бидат поевтини за 10 отсто

    05.12.2024 19:57 | KumanovoNews

    Новогодишната потрошувачка кошница содржи  675  основни производи, леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и козервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалоци (вино и пиво) и др. по намалени цени.

    Над 600 производи во новогодишнатa кошница ќе бидат поевтини за 10 отсто

    Акцијата ќе важи  од 15 декември до 15 јануари, односно за време на празниците.

    „Со цел широка промоција на инцијативата „Новогодишна кошница“, за граѓаните да можат да се запознаат со производите кои се понудени во листата од страна на производителите и дистрибутерите ќе постои посебна веб-страна „mojakosnica.mk“. Листата на прехранбени производи не е конечна, таа може постојано да се надополнува со нови производи и нови компании пред да започне акцијата, како и за време на траење на акцијата. Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, истакна на промоцијата министерот  Бесар Дурмиши.

    Во намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и други.

    Креирањето на „Новогодишната кошница“ е направено на начин различен од досегашниот. Иницијатива била покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалоци кои се понудиле да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени за 10 проценти и повеќе.

    Со оглед на тоа што ова акција произлегува од компаниите, а не е владина одлука, не се предвидени казни. Контролата дали се намалени цените или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно Законот за потрошувачи.