×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 800 учесници со 25 маски продефилираа на маскенбалот "Батко Ѓорѓија" во Куманово (видео)

    06.05.2023 15:54 | Оливера Пешевска

    Гасеници и стоногалки, полжави и златни рипки, јунаци од цртаните филмови, кореографии инспирирани од еколошки теми и популарни лектири, беа  дел од  деветнаесетото издание на маскенбалот "Батко Ѓорѓија" во Куманово.

    На маскенбалот учествуваа над 800 деца и ученици од основните и средните училишта, градинката „Ангел Шајче“ и денс -студиото „Ултра“ од Куманово,  кои со 25 групни маски продефилираа низ градот и се претставија пред публиката на Градскиот плоштад.

     Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ на своја начин ја раскажаа  приказна на „Волшебникот од Оз“, ширејќи го другарството меѓу најмладите. Како ќе се маскираат размислувале подолго време, но откако се одлучиле  успеале да ја изработат брзо и ефективно.  Учениците доброволно се пријавувале за изработка и учество, за на крај да настапат со 68 деца.

     „Ги имавме и храброста - лавот и љубовта - Лименко, секако Дороти и порцеланската кукла, а идејата беше да ги преставиме пријателството и другарството и да дадеме пример дека со заедништво може да се совладаат и најстрашните и најлошите работи во светот, претставени како лошата вештерка. Концептот го обмисливме и реализиравмне со колешката Анита Димовска“изјави Далибор Јовановски, професор по ликовно образование во училиштето.

    Со тема од екологијата се претставија учениците од ОУ „Карпош“ Уми Дол,  тие беа апарати за рециклирање.

     „Идејата ни беше да се подигне свеста и кај учениците, но и пошироката јавност за рециклирање и зачувување на животната средина. Ги изработувавме заедно со децата во период од 3 дена, а тие ги обезбедија и материјалите - стари кутии,опаковки од разни грицки, сокчиња и слатки. Реализација на маската ја направивме заедно со колешките од одделенска настава за 4 и 5 одделение,Светлана Јовановиќ и Светлана Митиќ “изјави Дијана Стефановска, одделенски наставник.

    Ова година маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2023“ за прв пат имаше ревијален карактер, а сите учесници добија благодарници за своето учество, трудот и посветеноста во изработката на маските.

    „Една маска ќе биде прогласена за маска на годината, која ќе ја одберат граѓаните. По завршување на маскенбалот фотографии од сите маски ќе бидат објавени на фејсбук страницата на Фондацијата за култура и спорт Куманово. Маската која во наредните 7 дена ќе собере најмногу лајкови ќе добие признание за маска на годината“, соопштуваат од Фондацијата.

     Како и секоја година на маскенбалот беа најрадосни најмалите, а потоа и нивните родители кои беа во публиката.

    Фондацијата за култура и спорт е организатор на настанот со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. 

                

    Над 800 учесници со 25 маски продефилираа на маскенбалот "Батко Ѓорѓија" во Куманово (видео)