×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над милион евра за проекти за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане

    28.01.2020 13:30 | KumanovoNews

    Општините Куманово и Гњилане, ќе добијат над еден милион евра за релизација на два проекти за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија.

    Над милион евра за проекти за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане

    За проектот „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“, предвидени се 477.000 евра за партерно уредување на Спомен костурницата во Куманово и реконструкција на музејот во Гњилане, додека за вториот проект „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“, ќе се потрошат 553.000 евра за подземна инфраструктура на улица во Куманово и за изградба на кеј во Гњилане.

    - Паралелно со тоа дополнително средства се обезбедени и за набавка на повеќе од 150 контејнери за отпадоци. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на пријателската општина Гњилане, првенствено за сето она што претходно беше имплементирано со претходниот проект за реконструкција на градските пазари. И токму тоа беше причината зошто добивме два проекти од страна на Европската Унија, бидејќи нашите општини се покажаа како едни од најуспешните општини во нашите држави во делот на имплементацијата на проекти и во делот на соработката, - истакна градоначалникот Максим Димитриевски.

    Градоначалникот на Општина Гњилане Љутфи Хазири, вели дека ваквите соработки докажуваат дека во овој дел на Западен Балкан можат да се надминат пречките и да се отвори место за комуникација помеѓу граѓаните.

    - Ние како општини ќе придонесеме да се продлабочи соработката помеѓу нашите држави, но и со Србија и Бугарија, како и со другите земји од регионот. Факт е дека со реализирањето на претходниот проект и добивање на овие два проекти нашата соработка и понатаму се продлабочува уште повеќе. Денес дознав дека имате економска зона која е во триаголникот Македонија-Косово-Србија, за која интерес имаат и од бизнисмените од Гњилане, - изјави Хазири.

    Проектот за партерно уредување на Спомен костурницата предвидува изградба на игралишта, амфитеатар, трим патека и друго содржини од интерес на граѓаните, додека со вториот проект ќе се изгради атмосферска канализација на улицата „Братство Единство“, од градската џамија, па се` до Автобуската станица во Куманово.

    Имплементацијата на проектите започнува на 1 февруари, а ќе трае 20 месеци.