×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нагорички сокак повторно со двонасочен сообраќај

    12.09.2013 13:14 | KumanovoNews

     Советниците на денешната седница ја изгласаа одлуката улицата “Иво Лола Рибар“ или попознато како Нагорички сокак да добие двонасочен сообраќај.

    Нагорички сокак повторно со двонасочен сообраќај

    Оваа одлука имаше поддршка и од позицијата и од опозицијата во општинскиот совет.

    Ќе гласаме за оваа точка бидејќи ова ни беше во предизборната програма. Со ова ќе добијат граѓаните. Ова беше наша заложба, а не сакаме да ги исправаме грешките на СДСМ - рече Мирослав Стојановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Претседателот на Советот, Максим Димитриевски кажа дека на оваа тема имало многу поплаки од граѓаните кои барале укинување на еднонасочниот сообраќај на оваа улица.

    Во што пократок временски рок да ја обележат улицата, да ги отстранат планираните паркинг места.  Ќе се растерети метежот кај Зелен пазар. Јас како член на Советот давам силна поддршка - вели Димитриевски.

    Во текот на кампањата за локалните избори и од страна на ВМРО - ДПМНЕ и од страна на СДСМ ветуваа дека проблемот со еднонасочниот сообраќај на Нагорички сокак ќе биде решен.