Награда од публика за детска песничка
20.05.2016 09:16
| KumanovoNews
Шестооделенец од Куманово освои прва награда од публиката на детски фестивал во Скопје.

Албион Лимани, ученик во шестто одделение во основното училиште „Бајрам Шабани„, ја освои наградата од публиката за песната „Што да правиме сега„ на традиционалниот фестивал за деца “Илбери“ во Скопје. На натпреварувањето учествувале 18 деца-солисти од сите градови на Македонија, како и гости од Косово, Албанија и Бугарија. Албион со истата песна ќе настапи на фестивал во Бугарија, на кој ќе учествуваат 70 деца од регионот.