×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградата е посебна затоа што доаѓа од фестивал со кој израснав, вели Сашко Коцев, лауреат на „Денови на комедија“

    04.06.2024 08:18 | Оливера Пешевска

    Актерот Сашко Коцев е овогодишен лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ - Куманово. Тој е добитник на наградата „Васил Иљоски“, за особен придонес во театарската уметност.

    Наградата е посебна затоа што доаѓа од фестивал со кој израснав, вели Сашко Коцев, лауреат на „Денови на комедија“

    Тој вели дека се работи за големо признание кое му го доделува фестивал од неговиот град, од неговите драги колеги и кумановската публика.

    „Наградата ми е посебно драга затоа што доаѓа од тоа опкружување, каде што ти раснеш и тие се колегите, публиката, фестивалот, жири комисијата- точно знаат каде и како си започнал. Ги знаат сите твои успони и падови, ама и пропусти, твоите мали, слаби моменти. За среќа се паметат само успесите, за што сум посебно среќен. И после толку успеси веројатно доаѓа признанието од драги колеги и драга публика од Куманово“, потенцира Коцев.

     Тој вели дека во Центарот за култура во Куманово започнал да доаѓа од 10-годишна возраст, а театарот е местото каде што буквално израснал. Уште како дете од 1997 година кога започнал фестивалот Денови на комедија ги гледал сите претстави, што дополнително го инспирирало и мотивирало да го одбере актерството како негова животна професија. Тој беше член на Театар Куманово до 2006 година.

    „Поздрав до сите и многу сум среќен за ова награда. Иако за мене од тука натаму, да си знаете е уште потешко. Главна мисла ми е не да уживам, напротив тоа ме плаши и дури понекогаш ме стресира, затоа што одговорноста и очекувањата се уште поголеми“, додава актерот.

    Коцев вели дека додека работи не очекува да биде награден, без разлика дали е тоа претстава, филм, стендап. 

    „Главната цел е проектот да биде успешен, гледан, да бидам исполнет, но и публиката, да се насмее или да се расплаче, и така прочистена да излезе од театарска или кино сала“.

    Советот на фестивалот Денови на комедија Куманово во состав Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски, одлучија за лауреат на изданието за 2024 година да е токму Сашко Коцев.

    Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот „Денови на комедија 2024“ кон крајот на септември, годинава.