Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 50 гранати денеска се пронајдени кај Железничката станица во Куманово.
Покрај пругата се најдени гранати кои датираат од периодот на Втората светска војна и се подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Куманово.
“Артилериски гранати од 75 мм 27 парчиња, артилериски гранати од 40 мм 20 парчиња, минофрлачки мини од 60 мм 3 парчиња и куршуми противавионски 5 парчиња. По кажувањето на мештаните, постари лица, се превртел некој вагон со муниција и тоа што испукало, испукало, а што останало сега се нашло“ - изјави Гоце Илиќ, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување од Куманово.
Илиќ вели дека гранатите ќе бидат складирани во магацин, а потоа ќе бидат уништени на Криволак. Неговиот колега Марјан Стефановски од Скопје вели дека најдените гранати иако се кородирани, сепак се во исправна состојба.
“Експлозивот нема век, туку си трае. Затоа ги тргаме настрана и ќе бидат уништени. Во кумановско подолго време не е најдена толкава количина, претежно има на јужната граница“ - рече Стефановски.
Кај Железничката станица во Куманово месецов беа пронајдени 18 гранати, исто со потекло од Втората светска војна.