Најдено е решение за проблемот на транспортерите во Шенген зоната, кажа Николовски
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска соопшти дека добил одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија.
„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравмe. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем“, објави Николоски.
Во документот кој го објави Николоски, се вели дека Европската Комисија (ЕК) тесно ќе соработува со земјите членки за да се најдат прагматични решенија со цел да се овозможат продолжени краткорочни престои за одредени категории државјани на трети земји.