Мени

Најстариот советник ќе ја води конститутивната седница на Советот

09.11.2017 09:18 | KumanovoNews

 Најстариот советник ќе ја води денешната конститутивна седница на советот на Општина Куманово. Тоа е советникот од ДУИ, Фериз Дервиши.

Најстариот советник ќе ја води конститутивната седница на Советот

Дервиши ќе претседава со советот при изборот на претседател и членови на Комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот, верификација на мандатите  и давање на свечена изјава на советниците.

По изборот, новиот претседател ќе го преземе водењето на седницата на Советот.

Советот во Општина Куманово го сочинуваат 33 советници, 16 од коалицијата на СДСМ, 11 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ 3, од Беса 2 и еден од Алијансата на Албанците.

                                                          (фото архива Совет 2012 година)